hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Денес Лазаров полни две години во Шпанија

kirenov
 
Денес се навршуваат точно две години на Кирил Лазаров во Шпанија. На 18 август 2010 година од хрватскиата екипа Кроација Осигурање Загреб потпиша за Реновалиа Сиудад Реал. Истиот клуб од минатата сезона го доби името Атлетико Мадрид, а целата екипа од пред неполн месец се пресели од Сиудад во Мадрид. Лазаров својот премин на иберискиот полуостров го смета за вистински потег, што го покажуваат и резултатите. Во првата сезона во дресот на Реновалиа Сиудад Реал освои три трофеи: АСОБАЛ Супер купот, Купот на шпанскиот крал и АСОБАЛ Купот. Забележливо беше и првото финале на ЕХФ Велукс Фајнал Фоур во Келн. Во втората сезона во црвено-белиот дрес на Атлетико Мадрид, Лазаров го освои АСОБАЛ Супер купот и Купот на Кралот и пак стигна до вицешампионската титула во Лигата на шампионите.
 
kire ekipa

На стартот од третата сезона во АСОБАЛ лигата, Лазаров е презадоволен во Шпанија. Тој и целото семејство уживаат во животот во Мадрид. Од неодамна Лазаров живее во главниот град во свој апартман многу блиску до самиот центар на градот. Преселбата од малиот Сиудад во велеград како Мадрид сигурно е осетлива промена во секојдневието на нашиот капитен. Инаку Лазаров живее многу блиску до тренинг кампот на Реал Мадрид „Валдевебас„ и само на неколку станици, до легендарниот „Сантјаго Бернабеу„. Сепак на еден друг стадион „Висенте Калдерон„ во март оваа година го продолжи договорот со Атлетико Мадрид на уште две години и развојот на неговата кариера во овој ракометен „титан„ оди онака како што очекуваше. Па, ако сите се задоволни, Кире во Атлетико уште многу години, би било идеално сценарио. Честитки за првите две години во ракометна Шпанија.
Share