hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Атлетико се комплетира в понеделник

sterbik

Олимпискиот ракометен турнир заврши, иако се уште се коментира. Ова се последни денови во кои европскиот вицешампион Атлетико Мадрид работи некомплетен, бидејќи полека се враќаат сите интернационалци кои настапуваа за своите репрезентација. Така покрај Лазаров од стартот на подготовките тренираа само уште седум професионалци. Денес на групата треба да им се приклучат Штербик, Омбрадос, Канељас, Агинагалде и Маркусен кои настапот на Олимписките игри го завршија во четвртфиналето. Уште неколку денови одмор добија „златниот„ Ксавиер Бараше, Јонас Калман кој освои сребро и засилувањето од Хрватска, Славко Гојун.

По програмата на Душебаев, мадриѓаните ќе тренираат во главниот град се до 26 август, кога заминуваат за Доха. До стартот на IHF Супер глобе, стручниот штаб на Атлетико Мадрид ќе има доволно време да ги анализира противниците и можните противници. Дебито на шпанците е на 27 август со Ал Јаиш. За Кирил Лазаров ова е трето учество на клубското светско првенство со два пласмани во финалето и една титула МВП за турнирот во дресот на Ал Саад 2010 година.
Share