hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Мојсоски: “Елиминацијата на квалификациите за ОИ не беше катастрофа“

mojsp
 
Ракометната репрезентација на Македонија не успеа да биде дел од Олимписките игри во Лондон. Во квалификацискиот турнир бевем поразени до Шведска и Унгарија, а во последниот меч и од Бразил. Сепак, Наумче Мојсоски од оваа дистанца смета дека елиминацијата не била катастрофа.

„Иако беше преставена како катастрофа елиминацијата на Македонија на квалификациите за ОИ не беше дебакл. Изгубивме несреќно од Унгарија, паднавме психички по тој пораз. Потоа следуваше меч против домаќинот Шведска во кој исто така не успеавме. Да се играше тој турнир во Македонија, ние сигурно дека ќе бевме дел до Олимпијадата. Погледнете сега каде се Шведска и Унгарија нашите противници во квалификациите. Шведска е во финалето, додека Унгарија се бореше за бронза„ вели Мојсоски.
Share