hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Каде после Севиља? Во Сарагоса, Барселона или Гвадалахара

kadep posle
 
Нашите ракометни навивачи веќе почнаа да ги планираат активностите за наредниот јануари 2013 година. Една недела бодрење на нашите ракометари во Севиља е задолжително. Веќе почнаа комбинациите, плановите и одрекувањата да се биде со нашите ракометари како во Ниш, Белград, Гетеборг или Виена. Но тука нема да застанеме. По групната фаза секоја од селекциите се сели во друг град во зависност од тоа на која позиција ќе се пласира во својата група. Така патот од групата Б во Севиља може да не однесе во Сарагоса, Барселона или не дај боже во Гвадалахара.

Имено ако Македонија заврши на првото или второто место во групата заедно со Данска, Исланд, Русија, Катар и Чиле своето осминафинале ќе го игра во Сарагоса на 20 јануари. Ако на крај бидеме трети или четврти патуваме за „Палау Сан Жорди„ во олимписката арена во Барселона која собира преку 20.000 луѓе и би играле истиот ден на 20 јануари. Најлошата варијанта е ако потфрлиме и со пласман на 5 или 6 место во групата. Тогаш би заминале во Гвадалахара на „Президент Куп„ кој ги класифицира селекциите од 17 до 24 место. Четвртфиналените мечеви се играат исто во Барселона и Сарагоса на 23 јануари, а полуфиналните мечеви и мечевите за првото и третото место ќе се играат само во најголемата каталонска арена на 25,26 и 27 јануари.
Share