hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

На стартот со Чиле, на крајот со Данска

Sevilla1
 
Од организаторот на Светското првенство и ИХФ преку својата официјална страна стигна потврда за распоредот на натпреварите по групи. Македонија доби календар на натпревари како што посакуваше и како што најавивме по ждрепката. Почеток со на хартија селекциите со поскромен квалитет и завршница со најсилните. Ако на последното Европско првенство во Србија се играше на секој втор ден, групната фаза на мундијалот ќе биде распоредена со 5 меча во 8 дена во „Павиљон Мунисипал Сан Педро„ во Севиља. Оваа арена е изградена 1988 година и собира 9.500 гледачи.

 

12.01.2013 -Македонија - Чиле
14.01.2013 -Македонија - Катар
15.01.2013 -Македонија - Исланд
17.01.2013 -Македонија - Русија
19.01.2013 -Македонија - Данска

Share