hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Без Борко Ристевски со Швајцарија

kire borko
 
Прва неприлика за македонската ракометна репрезентација на стартот од квалификациите за Европското првенство во Данска 2014 година. Европската ракометна федерација (ЕХФ) го казни македонскиот репрезентативен голман Борко Ристовски со еден натпревар неиграње за нашиот национален тим поради тоа што го нападна неговиот колега од спротивната страна Томас Бауер, на бараж мечот за Светското првенство против Австрија во Скопје.

Малку е иронично што нашиот чувар на мрежата доби казна за дуел кој речиси и да го преседе на клупата поради тоа што им се налути на колегите од одбраната Велко Марковски и Ацо Јоноски и реши самоиницијативно да излезе од игра. Но, Ристовски не можеше да ги издржи провокациите на австрискиот голман, па на неколку минути пред крајот, кога настана мешаница кај записничката маса, Борко го турна Бауер, кој повеќе одглуми отколку што навистина се преврти преку неговата клупа.

Но, тоа беше доволно ЕХФ да го казни Ристовски, кој поради суспензијата нема да може да игра за Македонија против Швајцарија во Скопје во првиот круг од квалификациите за Европското првенство. Претходно, ЕХФ ја казни и РФМ со 3.000 евра поради тоа што навивачите со тврди предмети фрлале кон гостинскиот голман – провокатор.
Share