hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Од денес двојна сесија за Лазаров и соиграчите

pripremi 4

Атлетико Мадрид се врати во тренажен процес, по последниот одигран меч со Адемар Леон во последното коло од претходниот шампионат на почетокот на јуни. Осум играчи тренираа два пати во текот на вчерашниот ден, а така ќе биде и во остатокот од неделата, освен в среда кога ќе се тренира само наутро во спортскиот центар „Антонио Мигел Дијаз„

Кон Лазаров, Парондо, Дејвис, Јуркиевич и Еду се приклучија новите играчи во тимот: Ангел Ромеро, Јосеп Масач и Алваро Ферер. Подоцна ќе се приклучи и голманот Антонио Дијаз.
 
prv trening

„Антонио Мигел Диаз„ комплексот ќе биде новиот дом за тимот во текот на годината, бидејќи во август се најавува често двојна сесија на тренинзи. Во утринските часови од 9 до 11 часот, па продолжува со кревање тегови во теретана и во попладневните часови од 19 до 20:30. Работата во првите три недели ќе биде посветена на физички план, а потоа тимот ќе се комплетира со доаѓањето на репрезентативците од Олимписките игри.
Share