hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Супер Купот на Шпанија во Мадрид

Palacio Vistalegre
 
Атлетико Мадрид освојувачот на Купот и првакот Барселона ќе ја отворат сезоната со ASOBAL Супер купот - прв официјален натпревар во сезоната. По договор со организацијата на XXVII ASOBAL Супер куп вчера беше потпишан договорот од страна на менаџерот на лигата Жорди Паларес и извршен директор на Атлетико Мадрид Луис Мигел Лопез, финалето да се игра во главниот град..

За Лопез и клубот на Лазаров е многу важно да се организира овој настан повторно во нивната арерна. "За нас е задоволство што ќе бидеме домаќини на Супер купот во арената „Висталегре„. Тоа е голем предизвик, бидејќи сакаме да го повториме успехот од минатата година. Ние сакаме да го надмине рекордот на гледачи кои сме ги имале дури и во натпреварот од лигата против Барселона. Сигурни сме дека љубителите на ракометот во Мадрид ќе уживаат во овој натпревар, кој ќе еден од најголемите спектакли кои можат да се видат во Шпанија " заврши директорот Лопез.

Во меѓувреме, Жорди Паларес менаџерот на ASOBAL изјави: "Ние сме среќни што, повторно во Мадрид ќе го организираме првиот голем турнир во сезоната. Супер Купот во главниот град е одлична вест за ракометот како игра. Минатата година поставивме рекорд. со присуство на 11.000 гледачи во „Висталегре„ и овој пат сакаме да се надминеме и повторно навивачите да уживаат во Мадрид со одлично ракометно шоу. "
Share