hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров ги мина лекарските прегледи

 

lazarov pregledi
 
Кирил Лазаров денес во Мадрид со минувањето на лекарските прегледи ја почна својата 18 професесионална сезона во кариерата, трета во Шпанија. Во една од мадридските клиники сите присутни ракометари на Талант Душебаев успешно ги минаа тестовите. По вчерашното пристигнување во Шпанија, тоа беше првата активност на македонскиот репрезенатативец. Од утре почнуваат тренинзите по програмата на стручниот штаб на Атлетико Мадрид, а во првата фаза со екипата ќе тренираат само неколку професионалци и членови на младинската академија, бидејќи останатите се инволвирани на ракометниот турнир на Олимписките игри во Лондон. Од недела се до 12 август тие ќе се борат за медали, а од 13 август треба да се приклучат кон групата.

Лазаров подготвен со серија на инвидуални тренинзи во Македонија, доаѓа на стартот на својата трета сезона во Шпанија. Целта е да се одиграат приближно натпревари како и минатата сезона и да се стигне до освојување на некој од големите трофеи во ASOBAL лигата и ЕХФ Лигата на шампионите.

 

Share