hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Дубровник, Охрид, Маврово, свадбите на колегите, новиот веб....

k3
 
Од вчера Кирил Лазаров е повторно во својот најчест дом во последните две сезони - во Шпанија. Од оваа сезона не во малиот Суидад крај Мадрид, туку во големата шпанска престолнина. Зад себе ги остави спомените од работното лето во Македонија и по лекарските прегледи, веднаш се концентрира на новиот предизвик со Атлетико Мадрид. Атак на шест фронта на „црвено-белите„ се дел и од личните планови на Лазаров. Но како минаа шесте недели без ракомет на Лазаров во Македонија.
 
k1
 
По успешниот двомеч со Австрија започнаа прославите. И не само заради пласманот на Светското првенство во Шпанија, туку и заради „свадбените звона„ кај некои од колегите на Лазаров. Така на почетокот од јуни Филип Мирлуловски и Наумче Мојсоски „застанаа на луд камен„ а вообичаено целата наша репрезентација присутвуваше на церемонијата во Скопје односно Струга. И во вакви моменти видливо беше како нашите ракометари се забавуваат и каква обединост владее меѓу нив.
 
k4
 
На 07.07. симболично во знакот на најпознатата македонска „седумка„ во етер се појави првата официјална страна на еден македонски врвен спортист. Единствено место каде можете да ги дознаете сите детали за кариерата на Лазаров, да ги следите директните преноси од неговите настапи за клубот и репрезентацијата и да воспоставите контакт со вашиот идол. Официјалната презентација на целиот проект ќе следи пред натпреварот Македонија - Швајцарија на крајот на октомври во Скопје.

Еден од најголемите пријатели на Лазаров и на македонскиот ракомет е Филип Рикер. Бившиот американски амбасадор од поодамна договори дружење со нашиот ракометар. Двајцата се сретнаа во Дубровник на дел од годишниот одмор на Кирил Лазаров со неговото семејство. Рикер од одамна навива за Лазаров, за нашата репрезентација и ги бодреше „црвено-жолтите„ и на на последното Европско првенство. Во Хрватска семејството Лазарови мина десетина дена и беше забележан од хрватските „фанови„ и медиуми.
 
k2

Лазаров пронајде време и да го посети своето Свети Николе, своето семејство, другарите и пријателите. Мина неколку дена и на Маврово, а пред да се врати во Мадрид имаше извореден викенд во Охрид. И покрај сите обиди да се дистанцира од ракометот, остана постојано во тренажен процес и ги следеше сите трансформации во неговиот клуб. И во Лигата на шампионите со Атлетико и на мундијалот со Македонија, Лазаров доби силна група, но тоа дополнително мотивира да се даде најдоброто од себе против најдобрите. А Лазаров е баш таков. Најдобар со најдобрите....
Share