hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Завршува одморот за Кирил Лазаров

kirelazarovatletiko 89970
 
Денес е последниот слободен ден ова лето за македонскиот ракометен репрезентативец Кирил Лазаров. Од 16 јуни и реванш мечот со Австрија во плеј-офот за пласман на СП во Шпанија, минаа еден месец и 9 дена. Токму толку траеше периодот на одмор од напорната сезона, доволно време за анализа на сработеното, но и можност да се остави ракометот на страна. Лазаров овој период го искористи за другарување со старите пријатели, за моменти крај најблиските, за пријатни мигови во Дубровник, во нашиот Охрид, посета на родното Свети Николе и слично.

По скоро 80 натпревари минатата сезона, потребен му беше вака долг одмор, но амбициозноста води до таму и во наредните 12 месеци да има уште толку натпревари, што би значело дека во сите натпреварувања ќе стигне до самата завршница. Но Лазаров и за време на слободниот период ја одржуваше формата, посетуваше фитнес и во Мадрид патува со „полни акумулатори„. Утре треба да пристигне во главниот град на Шпанија и првата негова активност ќе бидат лекарските прегледи.
 
Во првите две недели необично ќе биде на тренинзите на Душебаев. Заради Олимписките игри тој ќе има на распологање само неколку професионалци, а екипата ќе се комплетира на 13 август, од кога заеднички ќе го подготвува Светското клубско првенство IHF Супер глобе во Доха. Наредното враќање во татковината за Лазаров ќе биде на крајот од октомври за стартот на квалификациите за Европското првенство 2014 во Данска. На 31 октомври во Скопје гостува Швајцарија, а недела порано капитенот ќе ја предводи групата на собирот во Скопје. Тие денови кои му претходат на натпреварот со Швајцарија, ќе бидат искористени и за официјална промоција на официјалната веб страна на Лазаров, како и уште некое изненадување за сите негови „фанови„
Share