hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

„Марка„ потврдува: „Лазаров е ракометниот МекКелеб на Македонија„

avtogram

Македонскиот ракометен ас Кирил Лазаров доби посебно внимание од тиражниот шпански спортски весник Марка, кој му посвети простор за неговиот настап и лидерството во македонскиот тим на ЕП во Србија. Лазаров е член на Атлетико Мадрид.

Не обезбедија полуфинале на машкото ЕП во ракомет, како нивните сонародници кошаркари, но селекцијата на Македонија е без сомнение еден од најзабавните тимови на континенталниот шампионат. Немаат натурализиран играч како Бо МекKелеб, но Кирил Лазаров е еднакво стрелачки расположен како црномурестиот играч.

Балканскиот тим, еден од четирите тима од бивша Југославија, е прифатен од илјадници ентузијасти сонародници, кои со национални знамиња и облечени како фалангата на Александар Македонски ги гледаат секаде каде што играат. Секој меч изгледаше како битка против персиската војска, а Лазаров е лидерот на македонската коњица. Лазаров е најдобар стрелец на ЕП, со речиси една третина од вкупниот број погодоци на тимот, што е висок сооднос во однос на минутите поминати во игра, но и специфична тежина на играчот на Атлетико во својата репрезентација. Ако има тесна завршница, нема сомнение дека Лазаров ќе игра.

Share