hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Оваа сезона е вистинската за трофеј во ASOBAL лигата

kire asobal
 
Вториот најдобар стрелец во претходната сезона на ASOBAL лигата, Кирил Лазаров има уште неколку слободни дена пред да се врати во Мадрид и со неговиот Атлетико да ги започне подготовките за новото 23 издание на шпанското првенство. Со оглед на тоа што пред две сезони стана првиот македонски ракомет кој го освоил националниот Куп во четири различни земји, оваа сезона ќе се обиде да биде првиот со четири национални титули со различни екипи во различни првенства. Така по Пелистер, Кроација осигурување Загреб и Фотекс Веспрем, сега со Атлетико Мадрид тргнува во обид за враќање на титулата по две сезони во главниот град. По две втори места, екипата на Талант Душебаев денес во Лазаров гледа во еден од клучните ракометари во обид да го спречи хет-трикот на Барса. Нашиот ракометар не ги криеше желбите и амбициите да ја овои ASOBAL лигата во наредната сезона.

„Како и минатата сезона така и оваа битката за титулата ќе ја водиме со Барселона. Со голем респект гледаме и кон другите противници, бидејќи треба да бидеме претпазливи. Само еден кикс е доволен и кој знае дали ќе има поправен. Јас и Атлетико Мадрид стартуваме со големи амбиции и глад за победи во новата сезона. Титулата во ASOBAL лигата е една од оние кои ми недостасуваат па верувам дека оваа година ќе биде вистинската„ ни рече Кирил Лазаров по мадридската ждрепка.
Share