hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Добро со русите, лошо со скандинавците

kiril-lazarov-mkd-480 copy

Традицијата вели дека со половина од ривалите од Б групата во Севиља имаме негативен биланс. Скандинавскиот ракомет не „ни лежи„ иако има исклучоци кои говорат дека сме знаеле да го разбиеме комплексот. Со Данска билансот е два порази од исто толку официјални мечеви.

 Најчесто историјата ни го „подаруваше„ Исланд како ривал. Во мечевите кои нешто значат Македонија има две победи, наспроти дури осум на „рибарите„. Во пет двомеч дуели имало многу драматика, а Македонија само еднаш славела. Со Русија билансот е позитивен. Една победа и едно реми, гордо можеме да кажеме на глас дека не сме загубиле од „зборнаја„. Со Чиле и Катар во Андалузија за прв пат ќе играме во официјален натпревар.

Еве го деталниот приказ на официјалните меѓусебни средби со нашите противници од групата на Светското првенство во Шпанија 2013.

 

Светско првенство - Хрватска 2009

Четвртфинална група (Задар)

Данска - Македонија                                 32:24 (13:12)

 

Европско првенство - Србија 2012

Четвртфинална група (Белград - Арена)

Македонија - Данска                                 32:33 (16:19)

 kire2345

Европско првенство - Хрватска 2000

Плеј-оф

Исланд - Македонија                                32:23 (16:8)

Македонија - Исланд                                32:29 (13:13)

 

Светско првенство - Франција 2001

Плеј-оф

Македонија - Исланд                                25:26 (9:14)

Исланд - Македонија                                38:22 (15:10)

 

Светско првенство - Португалија 2003

Плеј-оф

Македонија - Исланд                                30:35 (14:18)

Исланд - Македонија                                33:28 (15:17)

 

Светско првенство - Хрватска 2009

Плеј-оф

Македонија - Исланд                                 34:26 (18:13)

Исланд - Македонија                                 30:24 (13:13)

 

Европско првенство - Австрија 2010

3 квалификациона група

Македонија - Исланд                                  26:29 (10:13)

Исланд - Македонија                                  34:26 (17:13)

 

Европско првенство - Италија 1998

А група (Мерано)

Македонија - Русија                                    26:26 (10:16)

 

Светско првенство - Хрватска 2009

Ц група (Вараждин)

Македонија - Русија                                    36:30 (15:14)

Share