hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: „Силна група, но од нас се зависи„

izjava kite

Веднаш по мадридкста ждрепка почнаа реакциите на нашата ракометна јавност околу противниците и нашите можности против нив во Шпанија. Капитенот на репрезентацијата Кирил Лазаров веднаш по дознавањето на ривалите ни рече:

„Со оглед на тоа како бевме рангирани не можеме да бидеме презадоволни од изборот на противниците. Позитивна страна на ждрепката е тоа што со репрезентации како Русија и Исланд имаме одиграно добри натпревари и имаме позитивни искуства. Токму тоа ни дава за право да не ги респректираме премногу како велесили. Што да се каже? Најважно од се ќе биде нашиот пристап, условите и организираноста на нашата репрезентација за време на подготвителниот период. Од нас се зависи„ заклучи Лазаров кој ќе ја предводи нашата селекција против Данска, Исланд, Русија, Катар и Чиле по историски резултат на за нас третото учество на светските првенства во ракомет.

Во втората фаза селекциите од групата Б ќе вкрстат со групата А, па потенцијални ривали на Македонија во осминафиналето ќе бидат Франција, Германија, Арентина, Тунис, Црна Гора и Бразил.

Share