hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Писмо од Агенцијата за млади и спорт до РФМ

g agencija-za-mladi-i-sport-e1342558234559

Писмото на АМС, потпишано од директорот Лазар Поповски, а зад кое стојат Мартин Клинчаров, Данило Брестовац и Ристо Магдинчев, инаку членови на Комисијата за ракомет при АМС, ви го пренесуваме интегрално, во целост.

„Како резултат на последните информации и негативната насока во која се одвиваат состаноците на здружението на ракометните суперлигаши и ракометната федерација на Македонија во однос на спроведување на законот за спорт односно делот од законот кој предвидува трансформација на клубовите во акционерски друштва, би сакале да дадеме мало објаснување, но и директно да го насочиме овој наш допис кон ракометната федерација на Македонија бидејќи чувствуваме дека се она што го говорат челните луѓе на федерацијата во последно време и она што го имаат сработено во годините наназад е една голема контрадикторност.

Целта на законот, односно трансформацијата на клубовите од здруженија на граѓани во акционерски друштва не беше замислено да биде и да се одрази негативно по клубовите како што тоа сакаат да го претстават челните луѓе во федерацијата, туку да воведе поголема контрола, поголема заштита и права на играчите и на клубовите но и поголема заштита и права на потенцијалните спонзори/акционери во иднина.
 
Бидејќи Вие господа од РФМ велите дека вие сте тие кои му мислите добро на македонскиот ракомет и дека работите за доброто на ракометот, а искрено ние а и пошироката јавност не успеала да го види тоа, односно се што сме виделе до сега е како живеете на 'грбот' на клубовите и македонските репрезентативци, чекајќи тие да се пласираат на некое големо натпреварување без разлика дали е тоа Европско или Светско првенство за да може да продадете рекламно место на репрезентативниот дрес (кој патем е единствениот репрезентативен дрес во историјата на светскиот ракомет кој има толку многу спонзори на него) или некој друг аранжман, а сето тоа да не е во интерес на федерацијата или македонскиот ракомет. Затоа, срочивме и конкретизиравме еден вид пакет анти-кризни мерки кои би требало да им помогнат на клубовите во овие кризни времиња, но и мерки кои би донеле за подобра трансформација и реорганизација на федерацијата за подобро и потранспарентно работење, секако не за ваш личен интерес, туку во интерес на македонскиот ракомет и македонската држава.

- Котизацијата наместо досегашните 120.000 денари (2.000 евра) на годишно ниво, предлагаме да биде 150.000 денари (2.500 евра), но со таа разлика, во оваа сума на средства да бидат вклучени и судиско-делегатските такси за натпреварите кои досега годишно изнесуваа од 215.000 денари (3.500 евра) до 245.000 денари (4.000 евра). (За илустрација досега РФМ на име котизација или средства за учество во супер лигата годишно од двете конкуренции, машка и женска собираше околу 2.5 мил. денари (40.000 евра) а при тоа клубовите не добиваа ништо за возврат.

- Намалување на бројот на странци во домашното првенство, односно нивно лимитирање на 4 кои би имале право на настап на еден натпревар. Вкупниот број на играчи пријавени за една натпреварувачка сезона да не биде поголем од 22 од кои 4 би морало да бидат младинци. Вкупниот број на странци кои би можело да бидат пријавени и лиценцирани во ростерот од 22 играчи да биде максимум 6.

- Исто така предлагаме, судиската организација да биде комплетно одделена од РФМ. Надоместокот за судиите РФМ да им го исплаќа на трансакциона сметка според учинокот во изминатиот месец. 'Дупката' во буџетот за оваа намена, РФМ може да ја пополни со наоѓање на генерален спонзор кој судиите би можеле да го носат на своите дресови. За потсетување, и досега сите лиги во сите конкуренции имаа свои спонзори (на пр. машката ракометна супер лига, изминатава година се викаше ВИП машка ракометна супер лига иако на никого не му е јасно какви обврски имаше спонзорот на лигата и повторно каква полза од тоа имаа екипите?!)

- Во однос на претходниот предлог за комплетно одделување на судиската организација (не фиктивно како и досега, каде претседателот на судиската организација е генералниот секретар на РФМ или негов близок човек) е и предлогот за комплетна професионализација на федерацијата, односно вработените во федерацијата да неможат да извршуваат други функции во врска со ракометот т.е. во исто време да бидат вработени во федерацијата и да бидат судии или делегати бидејќи имаат конфликт на интерес. (пр. делегат во македонското првенство во исто време е и вработен во федерацијата но и претседател на дисциплинската комисија, или судија кој е вработен во федерацијата и е претседател на комисијата за лиценцирање на играчи).

- Распишување на јавен конкурс за избор на производител на ракометни топки со која ќе се играат натпреварите од домашното првенство и националниот куп. Оној кој ќе биде избран на конкурсот ќе има за задача да ја снабдува машката и женската ракометна репрезентација со по 40 топки годишно во период од 5 години, односно по 20 топки во една полусезона. Топките од претходната година би биле наменети за младинските и кадетските селекции. Федерацијата би имала обврска да обезбеди по 10 топки за секоја екипа во машка и женска конкуренција по цена која ќе ја договори со производителот,а доколку некоја од екипите би сакала да докупи определен број на топки, тоа да го направи со попуст од 50 отсто.

- Распишување на јавен конкурс за избор на официјална спортска опрема на националните ракометни селекции.

- Распишување на јавен конкурс за избор на официјален превозник на националните ракометни селекции.

- Распишување на јавен конкурс за избор на официјална агенција која ќе биде задолжена за сите авио билети на репрезентативците кои играат во странските првенства при доаѓање на репрезентативни собири како и за патувањата на официјалните лица од федерацијата, но и за сите патувања на репрезентацијата на светски и европски првенства и квалификациски натпревари, и за сите сместувачки капацитети.

- Распишување на јавен конкурс за избор на маркетинг агенција која би била задолжена за изработка, дистрибуција и продажба на сите билети за настапите на националните селекции, организација на националниот куп на кој РФМ ќе се јави како организатор, каде што градот кој ќе биде домаќин на завршницата на националниот куп ќе го одреди на почетокот на натпреварувачката сезона.

ams so borko golema

- Предлагаме, да се отворат посебни жиро-сметки во рамките на сметката на федерацијата за националните селекции како не би дошло до мешање на средствата наменети за националните селекции со средствата за редовно работење на федерацијата, односно пренаменување на истите, а се со цел средствата кои се собираат од рекламирање на спонзорите на националниот дрес на светските и европските првенства да бидат наменети исклучиво за репрезентативците и непречено работење на репрезентациите, т.е. редовно исплаќање на дневниците, наградите и надоместоците за селекторите по однос на договорите на дело. Исто така, отварање на посебна сметка за струшкиот ракометен турнир кој РФМ и Агенцијата за Млади и Спорт би го организирале како заеднички проект.

- Организирање на два ракометни кампови (летен и зимски). Летниот камп би се организирал во рамките на струшкиот ракометен турнир, како и судиски семинар, и семинар за тренери. Примарни би биле кадетските и младинските селекции и нивниот развој, но и комерцијалниот дел каде што би можело да се пријават и останатите младински школи како и поединци. Организацијата на ова би ја вршела официјалната агенција која би била избрана по пат на јавен конкурс.

- Развивање на маркетингот на федерацијата. Потпишување на колективен договор со репрезентативците за располагање со правата за дистрибуција, продажба на сувенири (приврзоци, чаши, маици, дресови, шалови и останати навивачки реквизити) со официјалното лого на федерацијата или ликовите и имињата на репрезентативците, како и нивно учество во рекламни спотови на спонзорите на федерацијата.

Би можеле да продолжиме вака до недоглед, секако доколку наидеме на ваш интерес и ќе ја прошириме оваа листа, но во интерес на времето се надеваме дека дел од овие предлог мерки ќе ве натераат да го промените вашиот пристап кон проблемите во македонскиот ракомет и овие предлог марки ќе ви бидат одлична појдовна точка за комплетна реорганизација на работата и поголема транспарентност а се со цел одење скалило или две погоре во развојот и промоцијата на македонскиот ракомет и македонските ракометари. За да не биде ова напразно пишување, очекуваме дека ова ќе наиде на позитивна ваша реакција и бидејќи не гледаме никакви пречки, очекуваме овие предлог мерки (или најголемиот дел од нив) да се имплементираат до стартот на новата натпреварувачка сезона, додека некои би можеле да стапат на сила со почетокот на идната. Во спротивно, би значело дека вашите 'заложби' за развој на македонскиот ракомет се само празни зборови, односно штитење на нечии лични интереси", пишува во писмото на АМС до РФМ.

Share