hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Шундовски посакува подобар резултат од Хрватска 2009

medal 10

Египет 1999 и Хрватска 2009 се двата настапи на нашата ракометна репрезентација на Светските првенства. Ако во Шведска 2011 не успеавме да се квалификуваме, во Шпанија во јануари 2013 година, Лазаров и другарите ќе бидат учесници и не само учесници. Со недели по победата над Австрија во јунскиот бараж двомеч, ракометните „фанови„ ги прават најдобрите комбинации за поволна група на Пиринеите.

Конечно дојде време за ждрепката во Мадрид на 19 јули, по која ќе се знаат првите пет противници во групата. Ако се присетиме на Бразил и Куба пред 13 или Алжир и Тунис пред 3 години, и сега нема да има слаби противници. Сепак за разлика од европските првенства, на мундиалите има поинаку распореден квалитет и систем на натпреварување, кој дава право на грешка. Селекторот на нашата ракометна репрезентација Звонко Шундовски кој беше во стручниот штаб во Хрватска, а не одведе до 5 место во Србија имаше свој коментар пред ждрепката. Пред да замине за Романија, на стартот на подготовките со неговиот нов клуб Констанца, селекторот јасно ги кажа плановите за наредниот јануари.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share