Дека Кирил Лазаров е неизмерно ценет во ракометниот свет од одамна знаеме. Респектот, признанието за неговиот квалитет е несперно со кого и да дискутирате во врска со ракометот и нашиот „најсилен адут„. Така овој пат пред микрофонот своето воодушевување за личноста и квалитетот дадоа скандинавските ракометни асови. Неговиот клубски другар швеѓанецот Јонас Калман и данците Ханс Линдберг и Микел Хансен јавно ни кажаа што мислат за нашиот капитен. Сите се едногласни - се работи за изворедна личност и уште подобар атлета.