hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Се остварува ли црното ракометно сценарио што го предвиде Кирил Лазаров?

kire mkd
 
Веб порталот МКД.МК денес објави текст во кој алармира за иднината на македонскиот ракомет, инспириран од последниот голем ракометен собир за младински категории. Викендов заврши Европското првенство за ракометари до 20 години, на кое победи Шпанија, а второто и третото место го освоија Хрватска, односно Словенија. На шампионатот кој се одржа во Турција, учествуваше и Србија, нејзините ракометари го освоија претпоследното место, но важно беше дека беа дел од овој голем настан. Што не може да се каже и за Македонија.

Кога во јануари годинава најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров предупреди дека Македонија нема добра ракометна иднина, сите некако не сакаа да поверуваат во тоа. По таа изјава, дојде успехот на ЕП во Србија, па квалификациите за ЛОИ во Лондон, па пласманот на СП во Шпанија наредниот јануари. Сите некако подзаборавија на предупредувањето од Лазаров. И додека сениорскиот тим ги ниже најдобрите успеси откако е оваа генерација „на власт", младинските репрезентации на Македонија редат – неуспеси. Никогаш не сме се избориле на квалификации за да учествуваме на некое големо натпреварување, тоа ни успеваше само кога РФМ ги организираше шампионатите. Што не може да се каже за младите категории ракометари од Хрватска, Словенија, Србија... Тие и за десетина години ќе бидат во врвот на европскиот ракомет. Ние, веројатно ќе го чекаме раѓањето на некој нов Лазаров.

„Како земја заостануваме многу зад сите трендови во ракометот. Работите со младите селекции воопшто не се како што треба. Мора да им се обрати повеќе внимание на нив. Ние, сениорите, имаме тим граден со години и затоа сме добри. Но што правиме понатаму? Огромна е дупката помеѓу сениорскиот тим и младите категории. Сето ова кога-тогаш ќе ни се одбие од глава", изјави во јануари Лазаров.

И за жал, целосно беше во право!

www.mkd.mk

Share