
Кирил Лазаров и Атлетико Мадрид го дознаа календарот на натпревари на ИХФ Супер Глобе, кој на крајот на август ќе започне трета година по ред во Доха (Катар).
Со оглед на квалитетот и системот на натпреварување, двата европски гиганти Кил и Атлетико Мадрид се големи фаворити, но претпазливо со азијците кои можат да добијат на одстапка неколку ракометари од Европа и да бидат пак многу компетитивни.
27.08.2012 - Атлетико Мадрид (Шпанија) - Ал Јаиш (Катар)
28.08.2012 - Методиста (Бразил) - Атлетико Мадрид (Шпанија)
29.08.2012 - Замалек (Египет) - Атлетико Мадрид (Шпанија)
31.08.2012 - Полуфинале
01.09.2012 - Финале и мечеви за пласман
Сите мечеви ќе се играат во „Ал-Гарафа„ арената во Доха (Катар).