hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лук Абало не е повеќе соиграч на Лазаров

luc abalo
 
 
Француското крило Лук Абало, до сега член на Атлетико Мадрид, наредната сезона ќе игра во Париз Сен Жермен, откако клубот од Мадрид го одобри барањето на играчот да се врати дома од "семејни причини".

"Кога играчот сака да замине нема начин да се задржи. Ние сакаме играчи кои се посветени, кои сакаат да бидат дел од нашето семејство. Лук за жал не е таков", изјави Луис Мигел Лопез, управниот директор на Атлетико Мадрид, во изјавата на веб страната на клубот.
 
Абало е роден во градот Иври на 6 септември 1984 година. Тој мина во Сиудад Реал во 2008 година. Две години предходно со француската репрезентација го освои Европското првенство. Со францускиот национален тим, исто така освои второ европското првенство (2010), па Светското првенство во 2009 година и 2011 година и злато на Олимписките игри 2008.
 
Во Сиудад Реал исто така победуваше. Меѓу другите трофеи, две лиги ASOBAL, 1 ASOBAL куп, 1 куп на кралот, 1 Лига на европските шампиони и светската клубска титула Супер глоб . Под името на Атлетико Мадрид (2011) додаде 1 куп на шпанскиот крал и Супер купот во Шпанија. Абало се приклучи кон Чема Родригез, Исајас Гвардиола, Дидие Динар и Алберто Ентрериос, кои го напуштија клубот кој е во спортска и генерациска смена.

"Алберто и Дидие се големи играчи. Тие ја заслужуваат цела наша благодарност за десетте години кои ги поминаа меѓу Сиудад Реал и Мадрид. Секогаш ќе бидат запаметени како дел од победничкиот проект. Како и Чема и Исајас, кои за помалку години исто така оставија свој белег. Со Абало приказната е поразлична " додаде Луис Мигел Лопез.
Share