hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: „Добивме група со многу квалитет и стари пријатели„

vest 08 07 2012
 
 
Веднаш по ждрепката за групната фаза на Лигата на шампионите, почнаа реакциите и плановите за новата сезона. Сред одмор од напорната сезона Кирил Лазаров беше задоволен од изборот на противници и со нетрпение ги очекува новите предизвици.

„Лично посакував да добиеме потешка група. Во новата сезона влегуваме со многу новајлии и ќе ни треба време да се навикнеме и да се воиграме, а нема подобри тестови од дуелите со најдобрите. Еве уште на стартот добиваме шанса да му се реваншираме на Кил за поразот во финалето минатата сезона. Групата ми изгледа многу интересно. Кил е европски првак, Веспрем е мојот бивш клуб, каде имам многу пријатели и ме врзуваат убави спомени. Се надевам Констанца ќе ги мине квалификациите и ќе се сретнеме со мојот репрезентативен другар Бранко Ангеловски и селекторот Шундовски, па против Цеље пивоварна Лашко со задоволство и нетрпение го чекам мечот со мојот добар другар и прав пример за спортист Дејан Периќ. Ќе биде возбудливо„ заврши Лазаров.

Во новата сезона Атлетико Мадрид ќе влезе силно мотивиран, со надеж дека овој пат и во Асобал лигата и во Лигата на шампионите ќе има повеќе среќа да освои барем еден од двата големи трофеи.
Share