hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО: Една прекрасна приказна за солзи

1

Фотоапаратот на Игор Филевски – Филе забележа една неверојатна сторија која вака низ фотографии може само да ви доближи една неверојатно емоционална средба. Кога некогаш се вели една фотографија вреди милиони зборови, овие фотографии навистина ја потврдуваат вистината на таа изрека.

Ова е еден поранешен германски ракометар, кој поради незгода „останa во количка„ но не пропушта ниту еден ракометен собир, а по него се организира и еден локален ракометен турнир... Еден од омилените ракометари токму Кире... дента пред финалето на Лигата на шампионите, еден од нашите македонци, му го подари својот дрес од Кире токму нему...

2.

На радоста и немаше крај... тоа беа моменти за експресија до ѕвездите...

3

Не му се веруваше дека доби македонски дрес од Кире Лазаров...и уште повеќе беше изненаден кога до нас го виде и самиот Кире....

4

Кире му го потпиша дресот... Радост и гушкање, цели 5 минути...

5

Утредента го сретнав (пред Финалето) истиот човек низ град, шеташе низ Келн со дресот кој го доби претходниот ден...

6

Така влезе и во сала... и знаете за кого навиваше, нели?

7

Јас и сега кога ги гледам сликите, ми потекоа солзи радосници, кога ми одговори со реченицата „ Кире е за мене најголем, отсега постојано ќе сум само за Македонија! Кире најдобар во светот, тоа секогаш сум го зборувал„. А за тоа се уверив, кога го гледав неколку минути на финалето, во нашиот дрес, како се нервираше и колку беше нервозен на крај... не му кажав дека и тоа го снимав...наскоро ќе го презентирам во еден краток филм...приказна која ме остава без зборови...

Share