hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Плеј-оф за СП – Шпанија 2013 прв натпревар

avs12

Македонија - Австрија 26:21 (16:10)

Со предност од плус пет погодоци нашите најдобри ракометари патуваат за Австрија, каде следниот викенд го играат реваншот од баражот за пласман на СП во Шпанија 2013. година.

До важната победа, која можеше да биде и поубедлива, избраниците на Звонко Шундовски дојдоа со сконцентрирана игра, посебно во првиот дел кој го добија со 16:10, по што им дозволија на гостите да играат на егал во вторите половина час, кои Австријците ги добија со еден гол разлика.

Можеби останува да жалиме за најубедливата предност од осум голови која ја имавме во еден миг од средбата (22:14 во 48. минута), предност која гостите со серија од 5:1 ја намалија на само четири голови на шест минути до крајот на натпреварот.
 
avs11
 
Сепак, нашите ракометари не дозволија изненадување и докажувајќи ја разликата во квалитет се изборија за победа која нема да им дозволи преголемо опуштењо пред реваншот во Австрија следниот викенд.

Прв стрелец во редовите на Македонија беше нашиот прв играч Кире Лазаров со своите шест погодоци, следен од Влатко Темелков, кој застана на еден гол помалку.
Share