Како и по секој успех, така и по квалификациите за Светското првенство, ракометарите денес беа примени од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Лазар Поповски.
Тој им честита за борбената игра и за пласманот, посочувајќи дека уште еднаш покажале дека репрезентацијата за нив е светост и дека успехот доаѓа со тимска работа.
Поповски пред нив ги презентираше заложбите на Агенцијата за млади и спорт и ги запозна со активностите околу Спортската академија.
Капитенот Лазаров ги поздрави проектите на АМС и заложбите на директорот. Тој истакна дека е горд на македонската репрезентација која е целосно составена од македонски ракометари.