hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Ова е Македонија а не Вардар или Металург!

slavje so navivaci golema
 
Видно расположен по пласманот на Светскиот шампионат беше и лидерот на нашиот национален тим, Кирил Лазаров кој нагласи дека патот во Шпанија е нов голем успех за нас како потврда на квалитетите на оваа генерација.

„Ова е голем успех за нас. Им благодарам на нашите навивачи кои дојдоа и овде да не бодрат. Честитки за Австријците, кои имаат добар, паметен тим. Ова е голем успех за нас, ние сме задоволни, го продолжуваме успехот. Денес одигравме еден голем меч. Се надевам дека оваа селекција ќе игра вака и во иднина" - рече по дуелот со Австријците, Лазаров горд што и во салата во Виена нашите ракометари имаа огромна подршка од „Фалангата".

„Уште еднаш покажавме дека сме голема нација, нација која си ја сака државата, уште на почетокот кога ги видов нашите навивачи како се собираат им реков на моите соиграчи, па луѓе ние играме како дома. Имаме една убава генерација, која има добри млади играчи кои доаѓаат и може да бидат вистинска иднина за мак-ракометот".
Според македонскиот капитен, сепак за иднина мора сите да научиме максимално да дадеме се за националниот тим, без притоа поделби кои изминатиот период беа провоцирани од клупскиот ривалитет во македонското првенство.

„Мора да научиме некои работи да не ни се повторуваат, треба да знаеме да се радуваме и кога победуваме и да знаеме да губиме. Правдата секогаш излегува на виделина. Оваа репрезентација не е ни Металург, ни Вардар, ни Пелистер ова е репрезентација на Македонија и така треба да ја доживуваме. Во Шпанија ќе се обидеме да го надминеме она 11. место од Хрватска, но притоа мора секогаш и да бидеме реални" – истакна Кирил Лазаров.
Share