hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО: На македонските репрезентативци судена им е голгота

20140111 232011

По 17,18 часа исчекување, напнатост и постојани одлагања, македонската машка ракометна репрезентација, како и целосната експедиција некаде околу полноќ пристигна на Билунд аеродромот во Данска со чартер лет од Софија. Авионот кој требаше да полета во 9 часот изутрина од Скопје, дури во 20:50 од софискиот аеродром без проблеми и со одлична видливост полета за Скандинавија.

20140111 231841

По пристигнувањето во Билунд, потребен беше уште неполн час автобуски превоз до Хернин, каде се сместени нашите ракометари. Се до 15 часот, ракометарите чекаа маглата да го напушти скопскиот аеродром Александар Велики, но откако сите полетувања и слетувања за денес беа одложени, последна опција во текот на денот да се стигне до Данска, беше пат до Бугарија.

20140111 232236

Агенцијата која го организираше чартер летот „Пилот Травел„ даде се од себе во ургентна ситуација што побрзо да се стигне до целта, а и нашиот спонзор „Пелистерка„ има големи заслуги за нашето присуство на лице место на големиот настан.

20140111 235803

Уморни ракометарите наидоа на пријатен лет во кој доминираа македонските знамиња и црвено-жолтата боја. За крај екипажот и капетанот порачаа: „Ние сме швеѓани и затоа утре победете ги данците„ Па нека биде така....

Share