hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Барса и Лазаров спектакуларни и против Металург

kire metalurg

Барселона - Металург 35:17 (17:5)

По втор пат во неполн месец, македонски ривал се обиде да застане на патот на Барселона во Лигата на шампионите. Скопски Металург како лидер во групата Ц, пристигна во Каталонија против Лазаров и другарите. Капитенот на нашата репрезентација, за прв пат во карирата играше официјален натпревар против клубот од Автокоманда. Мечот одлично го отвори Дарко Станиќ и му го одбрани седмерецот на Хуанин Гарсија.

Но во наредниот напад, по грешката на Н. Мојсоски, од контранапад Раул Ентрериос го отвори резултатот (0:1). Лазаров со атрактивен скок-шут во третиот домашен напад го „начна„ Станиќ за одличен старт на каталонците. Дури по шест минути игра и 6-7 неуспешни напади, Дејан Манасков од бековска позиција погоди за прв пат за Металург, и тоа со човек помалку по исклучувањето на Вугринец (2:1). Лазаров и Станиќ како да имаа персонален дуел и од вториот обид, македонецот од Барселона погоди за 3:1. Томас и Седрик Сорондо со два рутински гола од своите позиции зголемија на 5:2 во 11 минута. Одбраната на Барселона делуваше како „непробоен зид„ и пречесто ги принудуваше гостите на технички грешки и лесни голови, како оној на Хуанин Гарсија за 6:2 и тајм-аут за Червар. Реакцијата на македонскиот вицешампион беше видлива и инвидуалностите на Наумче Мојсоски и Павел Атман со два гола, намалија на 6:4. Но домашната екипа веднаш понуди одговор и со две „бомби„ на Карабатиќ и Лазаров, фаворитот дојде до 8:4. Најдобриот во таборот на шпанскиот првак, Лазаров „улови„ контранапад и со четвртиот гол во половина полувреме, предноста ја донесе до +5. Победникот беше одлучен кога капитенот Томас со три реализации од контра донесе 12:4 за Барселона „Бродоломот„ на Металург на цели 10 минути без топка зад грбот на Штербик, лесно донесе нови голови за домашната екипа. Раул Ентрериос без скок-шут и на Даниел Сармиенто на идентичен начин, носат 14:4 во 23 минута. Кога Страновски реализира седмерец за +11, серијата на дрим-тимот на Пасквал достигна 9:0 за неполни 10 минути. На почетокот на 29 минута, русинот Атман го „скрши каталонскиот зид„ за 16:5. Првиот дел заврши со голот на Нодесбо за +12 и седмата интервенција на Арпад Штербик, за преубедливо прво полувреме на фаворитот.

На почетоот на вториот дел, Лазаров и Карабатиќ со уште два гола, предноста ја донесоа до највисоки 19:6. Металург возврати преку ветеранот Вугринец и дебитанскиот гол во Лигата на шампионите на Никола Марковски (19:7). Барса со милион ресурси во своите редови поврза нова серија преку Карабатиќ и Хуанин Гарсија за 22:8 во 37 минута. Лазаров од седмерец ја погоди мрежата на Мијатовиќ за шести негов гол од девет обиди. Домаќините се подопуштија и Георгиевски и Н. Марковски со два гола, намалија на 23:10. Но Пасквал алудираше да нема опуштање и Томас (два гола) и Нодесбо со лесни голови при брза транзиција носат највисоки 27:11 во 43 минута. Лазаров со осмиот гол во мечот, точно на средината на вториот дел ја доближи Барса до редовниот просек по бројот на голови (28:11). Пасквал ја почувствува мотивираноста на нашиот репрезентативен капитен и му довери уште еден седмерец за 29:11 за фаворитот. Со Вугринец во позитивна серија од 4:0, Металург намали на 29:15 во 53 минута. Домашната екипа и без помошта на Рутенка и Шариќ кои не добија шанса, лесно го приведе мечот кон крај. Никола Карабатиќ во последните 5-6 минути ја „подигна летвичката„ до +17 и катастрофата на Металург беше комплетирана. Финалните 35:17 јасно покажаа дека Барселона по мечот со Грањолерс, со цел скоро цел потенцијал ја покажа својата моќ и во Лигата на шампионите. Во победничката екипа блескаше Кирил Лазаров со 9 гола, Карабатиќ постигна 7, Томас додаде уште 6, а Штербик собра 18 интревенции. Кај Металург ветеранот Давор Вугринец со 6 гола најпозитивен. Со оваа победа Барселона го превзеде врвот на табелата во Ц групата, а наредниот викенд му гостува на францускиот првак ПСЖ во градот на светлоста.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share