ФОТО: Ликот на исландскиот селектор кажува многу работи
Како никогаш цела една недела натпревари во Б групата на Светското првенство во Севиља, прес-центарот не бил така исполнет како за време на вчерашниот натпревар, меѓу Франција и Германија. Додека Катар и Исланд привршуваа во „Сан Пабло„ арената, мислите на скоро сите беа свртени кон натпреварот во Барселона.
Дефинирани четири осминафинални парови
Со завршувањето на натпреварите во А и Б групите кои се вкрстуваат меѓу себе за осминафиналните парови, полека се кристализираат паровите за првите нокаут натпревари.
ВИДЕО: Митревски: „Оваа репрезентација е на вистинскиот пат„
По Борко Ристовски и неколку години помладиот Николче Митревски, од натпревар во натпревар созрева и веројатно во него нашата земја добива голема сигурност на голот. И покрај поразот од Данска, битолчанецот не тагуваше, напротив, веднаш со мислите се насочи кон Германија.
ВИДЕО: Фалангата ги пакува куферите
Некои со авион утринава, вечерва или утре изутрина, некои со брзите возови на шпанската железница, кои патуваат од 5 до 7 часа за Барселона, а некои директно од татковината од Софија, или преку Бергамо или Базел. Тоа се сите комбинации на македонската ракометна „Фаланга„ која се сели во Барселона.
ВИДЕО: Бошковски: „Да не заборавиме дека германците се младински светски прваци„
Иако првите коментари околу нашиот противник во осминафиналето се еуфорични, првиот помошник на селекторот Андон Бошковски ја смирува атмосферата.
ВИДЕО: Ангеловски: „Време е да им наплатиме на германците„
Од трагичниот пораз на Пелистер од Лемго во минатиот век, до начинот на кој Вардар Про беше елиминиран од Магдебург пред само неколку месеци. Преку исклучувањето на капитенот Лазаров во Вараждин и спорниот гол во Ниш. Се се тоа нашите тажни приказни против германските клубови или репрезентации.
ВИДЕО: Филип Лазаров: „Како турнирот тече, така сме се посилни„
Во своето најдобро издание на првенството, Филип Лазаров со пет гола даде голем придонес нашата одлична партија против европскиот првак.
Сладок пораз, кој не води на Германија во осминафиналето
23 Светско првенство - Шпанија 2013
Б група (Севиља)
Данска - Македонија 33:30 (13:14)
Втор пат во една година, јануарската пресметка со Данска за нас е витална за понатамошниот тек на првенството. Сепак на загревањето на нашите ракометарите стигна веста за победата на Германија над Франција во А групата, што драстично ги смени нашите планови.
ВИДЕО: Дресот на Кирил Лазаров нема ниту една цена
Битолската експедиција која со автомобил мина 3700 километри за да ја бодри националната репрезентација тука нема намера да сопре. „Заминуваме за Барселона. На ракометарите им треба нашата подршка„ велат тие.Откако јавно му се заблагодарија на Лазаров за помошта при оваа нивна авантура, ни ја раскажаа и последната нивна анегдота.
ВИДЕО: Лазаров против Хансен - втор дел
Спортскиот весник „Македонски спорт„ го најави големиот меч со Данска како дуел на титаните: Микел Хансен против Кирил Лазаров. Кога последен пат во репрезентативниот дрес играа еден против друг, тоа беше спектакуларно.