Русија изненадена, Катар и Чиле со победи го јакнат моралот
Денес скоро сите нашт противници на Светското првенство ги имаа последните контроли. Некои резултати опомениваат, а некои се апсолутно изненадувачки.
ВИДЕО: „Седум метри„ - официјална песна на мундијалот
Светското првенство има официјална песна. Седум метри е новиот хит и ја изведува шпанскиот бенд „Chloe„. Во стиховите се појавуваат некои референци за ракомет, како и на филозофијата на играта и на спортот.
Освои ја Севиља!
Страста кон спортот, конкретно кон ракометот и големата љубов кон нашата татковина како најчесто да ја чувствуваме кога доаѓаат големите спортски приредби. А македонци има буквално насекаде, па и во Севиља -наредната дестинација на „Фалангата„ Преку официјалната страна на Кирил Лазаров го запознавме Јосиф Мирчески.
Минималец за Србија и покрај одличниот наш настап
Србија - Македонија 26:25 (13:13)
Како и пред стартот на Европското првенство во јануари минатата година, Србија на Веселин Вуковиќ пак ни беше последен спаринг партнер во подготвителниот период и пак во Ниш. Иако го имаа првиот напад нашите ракометари лошо ја пробиваа противничката зона (6-0) и не ги реализираа првите три напади. Затоа домаќинот со головите на Илиќ, Никчевич и Тоскиќ поведоа со 3:0.
ВИДЕО: Лазаров ја повика „Фалангата„ во Севиља
Во промоцијата на Светското првенство на официјалната веб страна на натпреварувањето се обрати и нашиот капитен. За шпанците добро познатиот Кирил Лазаров на македонски јазик ја повика македонската армија на навивачи уште еднаш да ја покаже страста кон ракометот и својата татковина и да ги наполни арените на Пиринеите
Совладан и Египет, радува формата на црвено-жолтите
Македонија - Египет 32:28 (18:12)
Последната фаза од подготовките за Светското првенство и последниот филтер за дефинитивниот список на Шундовски за Севиља, почна вечерва во Ниш со пријателскиот меч со стариот познаник Египет. За прв пат црвено-жолтите настапија комплетни по приклучувањето на Борко Ристовски кој не настапи со Саудиска Арабија.
Три теста во три дена за Данска и за Катар
Eвропскиот шампион Данска и противник на Македонија во групата Б во Севиља на Светското првенство во Шпанија вечерва стартува со одигрувањето на контролните натпревари. Данците досега се подготвуваа во Архус, а тест натпреварите ќе ги одиграат во Скјерн и во Алборг. Противници во следните три дена ќе им бидат: Тунис, Црна Гора и Словенија.
Осминафиналето е прв приоритет
На прес-конференцијата која заеднички ја организираа РФМ и МОК во СРЦ „Кале„ во Скопје, македонските ракометни репрезентативци и селекторот се обратија до јавноста пред утрешното заминување за Ниш.
ВИДЕО: Подршка од МОК за репрезентацијата пред мундијалот
Пред заминувањето во Ниш каде репрезентацијата на Македонија на Звонко Шундовски ќе одигра два контролни натпревари, стигна одлична вест за нашата селекција.На денешната прес-конференција претседателот на МОК, Васил Тупурковски објави дека комитетот одвои 20.000 долари за машката ракометна репрезентација, како дополнителен поттик за достојно репрезентирање на нашата земја на наредниот мундијал во Шпанија.
Оптимистички +7 против Саудиска Арабија
Македонија - Саудиска Арабија 28:21 (15:9)
По една недела заеднички тренинзи, макеоднската ракометна репрезентација скоро комплетна, единствено без Борко Ристовски, го одигра првиот контролен натпревар во подготовките за мундијалот во Шпанија. Саудиска Срабија беше противник по мерка на половина од зацртаната програма на Шундовски.