Лазаров прв пик за најдобар стрелец на мундијалот!
Најпознатата светска обложувачница „Bet and win" прогнозира дека македонскиот капитен Кирил Лазаров ќе биде најдобриот стрелец на претстојното Светско првенство во Шпанија.
ФОТО: Нова авантура на битолските членови на „Фалангата„
Официјалната веб страна на Кирил Лазаров и „Пелистерка„ наградија четворица спортски авантуристи кои вечерва го започнуваат своето ново патешествие. Имено битолчаните Томче, Цалич, Баљка и Чокуз тргнаа на пат долг 3.700 километри до Севиља со автомобил со дресовите на Кирил Лазаров.
Позната тренинг сатницата во Севиља
Организаторот на Светското првенство веќе ги одреди и официјалните термини за тренинзите на репрезентациите кои ќе учествуваат на мундијалот. Во Б групата во Севиља, Македонија ќе има 8 тренинзи, од кои пет во малата „Пино Монтањо„ арена и три во големата „Сан Пабло„ каде ќе се играат и сите 15 меча од групата.
ВИДЕО: Бившиот селектор верува во оваа генерација
Човекот кој ја одведе Македонија на СП во Египет 1999 година, кое за нас беше прво учество на мундијал, Стевче Стефановски веќе 18 година работи како стручен коментатор на ТЕРА ТВ на сите големи ракометни приредби.
Селекторот на Катар: „Чиле е нашата шанса„
Големата непознаница Катар е е една од селекциите кои најдолго се подготвуваат за овој мундијал. Како и претходно во минатото водена е од тренер од балканските простори, овој пат од словенецот Борут Мачек. За „Balkan-handball„ тој откри дел од размислувањата на нацијата која по две години ќе ја наследи Шпанија во организација на Светското првенство.
ФОТО+ВИДЕО: Осминафиналето реалност, но сакаме и можеме повеќе
Селекторот Шундовски, заедно со капитенот Лазаров и младиот Дејан Манасков на последната прес-конференција пред патот за Шпанија, изразија оптимизам за остварување на резултат од кој што ќе бидат горди сите Македонци. Првата цел секако е пласман во осминафиналето, а потоа ќе следи и битката за место поблизу до светскиот ракометен врв.
Скандинавското дерби за Шведска
Шведска - Исланд 31:29 (14:15)
3722 гледачи во „Хелсинборг арената„ имаа можност да видат спектакуларен натпревар во кој со пресврт Шведска го доби нашиот противник во групата во Севиља, Исланд. Никлас Екберг добро го отвори мечот за 5:3 за олимпискиот вицешампион од Лондон.
ФОТО + ВИДЕО: Иванов ги прими и охрабри ракометарите
Претседателот на Македонија Георге Иванов денес ја прими македонската ракометна делегација на само неколку дена пред заминувањето за Шпанија. „Медалот што го добивте по ланскиот успех во Србија ве обврзува да играте уште подобро на следните натпреварувања. Ви посакувам среќа на претстојното Светско првенство во Шпанија и ви посакувам да се вратите со медал на градите.Можеби во Шпанија ќе ја немате истата поддршка од трибините како во Србија, но мора да знаете дека сите тука ќе навиваме за вас. Дадете се од себе" Ова се зборови на претседателот Ѓорге Иванов изречени на денешниот прием на ракометните репрезентативци на Македонија во пресрет на нивниот настап на Мундијалот, кој почнува во петок. Капитенот на машката ракоментна репрезентација Кире Лазаров, заблагодарувајќи му на претседателот Иванов за времето кое, како што рече, секогаш го издвојува за нив и за спортот воопшто, истакна дека ќе направат се достојно да ја презентираат Македонија во светот. „Ќе се бориме нема да калкулираме и се надеваме дека на крај ќе се радуваме на нашите успеси„ истакна Лазаров.
Португалци, Срби, Чеси и судии од Брегот на слоновата коска во групата во Севиља
Иако IHF сеуште не ја потврдила веста, веќе неколку медиуми ја исфрлија веста дека се делегирани четири судиски пара за групата Б во Севиља на СП во Шпанија.
Шундовски ги одреди нашите 18 адути за Шпанија
Селекторот на машката ракометна репрезентација Звонко Шундовски го објави списокот од 18 ракометари, кои наредната недела ќе отпатуваат во Шпанија на за нас третото светско првенство. Од широкиот список одпаднаа Митко Стоилов и голманот Златко Даскаловски.