hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Кристјансон: „Лазаров и Мојсоски најопасни„

island

Од ова големо натпреварување нашиот старт ривал Исланд има нов млад селектор, тоа е Арон Кристјансон. Во минатото често сме играле со „рибарите„ и секогаш мечевите биле неизвесни и полни со драматика.

Повеќе...

Данска подобра од Русија, Тунис ја изненади Германија

hansen so rusija

Репрезентацијата на Данска ја совлада Русија со 31:27 со што се најде на првото место во Групата Б. По комплетирањето на втората рунда Македонија е на второто место во група. Токму нашата селекција и данската репрезентација имаат максимален учинок по две одиграни кола. На третиот меч Исланд ја совлада селекцијата на Чиле со убедливи 38:22, а како што е веќе познато Македонија беше подобра од Катар со 34:30.

Повеќе...

ВИДЕО: Ристовски: „Со Чиле делувавме уморно, со Катар личевме на себе„

borko

Иако не е 100% фит и во текот на мечот со катарците се жалеше на болки, голманот Борко Ристовски, кога противникот најопасно се доближи ја покажа својата класа и со серија на интервенции успеа да го сочува водството.

Повеќе...

ВИДЕО: „Фалангата„ секогаш има позитивни вибрации

navivaci 13

Истата група на македонски навивачи само ја смени трибината во „Павиљон Сан Пабло„ и во текот на сите 60 минути непрестојно ја бодреше националната репрезентација.

Повеќе...

ВИДЕО: Михајловски: „Најважни се бодовите, ќе дојдат и добрите партии„

mihajlo 1

Првиот човек на РФМ Михајло Михајловски видно задоволен од презентацијата и освоените бодови, по мечот ја истакна важноста да се добијат првите две средби во кои императивот беше врз нас.

Повеќе...

ВИДЕО: Мојсоски „Покажавме дека не сме оние против Чиле„

Naumce-Mojsoski-2

Еден од најдобрите на мечот со Катар, стружанецот Наумче Мојсоски потврди дека и покрај тренинзите и подготовките на 3-3 одбраната на Катар, тоа било клучниот детал за враќањето на противникот во мечот. Но ракометарот на Металург ја велича вербата во себе на оваа генерација на ракометари.

Повеќе...

ВИДЕО: Лазаров: „Перфектно во првиот дел, опуштање потоа„

kire 1301 izjava

Првата реакција на капитенот Кирил Лазаров на средбата јасно ги потврдува неговите стравувања од нашиот менталитет. Сите пофалби за првото полувреме и претпазливост дека средбите траат 60 минути за она што можеше да ни се случи во продолжението.

Повеќе...

Победен Катар, Македонија гледа кон осминафиналето

kire spo spanija 1

23 Светско првенство - Шпанија 2013

Б група (Севиља)

Катар - Македонија 30:34 (13:21)

За разлика од настапот на воведниот натпревар, нашите ракометни асови како да ја искористија преспиената ноќ да ги најдат одговорите на многуте непознаници од мечот со Чиле. Селекторот Шундовски се одлучи да го сврсти Темелков во ростерот за сметка на Златко Мојсоски.

Повеќе...

ВИДЕО: Олива: „Одлучија деталите и искуството„

oliv222a

Чилеанските ракометари беа расположени за разговор и покрај поразот. Голманот Олива заслужи преодна оценка, а по мечот откри дека со ваква игра неговата репрезентација не го кажала последниот збор на ова големо натпреварување.

Повеќе...

Франција едвај против жилавиот Тунис

francija - tuniz

Првото коло од групната фаза на Светското првенство ја одбележа одличниот меч на Франција и Тунис во кој актуелниот светски првак се извлече во финишот до минимална победа. Првото изненадување го направи Аргентина со победата над Црна Гора.

Повеќе...