evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

120 земји го пренесуваат мундијалот

prenosi

Телевизискиот сигнал од 23 Светското првенство во ракомет во четирите групи можат да се следат во вкупно 120 држави од целиот свет. Директните преноси од мундијалот во нашата земја ги емитува Сител ТВ. Со оваа бројка се заканува рушење на рекордот на телевизиска гледаност, кој го држи првенството во Шведска пред две години.

Повеќе...

ВИДЕО: Скаутот на Русија го знае секој детал за Лазаров

skaut

На неполн ден до меѓусебниот дуел со Русија, разговаравме со норвежанецот Бјорн Дал, кој се приклучи кон стручниот штаб на Кулешов и со видео камера ги снима сите наредни противници на „зборнаја„ Така по мечот со Исланд кој веројатно синоќа и утринава руските ракометари добро го погледнале скаутот Дал ни изјави:

Повеќе...

ВИДЕО: Кочанска екипа се приклучи кон „Фалангата„

kocancanka

Нашите навивачи ги има од сите страни на татковината и од европските земји. Во текот на вчерашниот ден пристигна група на навивачи од Кочани, одлично стилски облечени во нашите национални бои и силно возбудени што далеку од својот дом и тие ќе ја претставуваат Македонија.

Повеќе...

Дербито за Хрватска, блеска и натаму Тунис

srbija - saudiska

И покрај поразот од Исланд од вечерва Македонија и математички е во осминафиналето на СП во Шпанија заради поразите на Катар и Чиле. Од натпреварите од другите групи Франција, Србија, Словенија, Шпанија и Хрватска, покрај Данска од нашата група продолжуваат со максимален учинок. Во дербито Хрватска на убедлив начин ја совлада селекцијата на Унгарија, наметнувајќи ја кандидатурата за пласман меѓу најдобрите четири селекции во светот.

Повеќе...

ВИДЕО: Исланѓаните знаеа како со Лазаров

islangani

По завршувањето на средбата Македонија - Исланд разговаравме со ракометарите од победничкито табор Карл Кристијан Кристјансон и Гудјон Валур Сигурдсон. Двајцата констатираа дека одбраната и стратегијата врз Лазаров била клуч на победата. „Најдобриот играч на Македонија погодуваше само од седмерци.

Повеќе...

ВИДЕО: Стоилов: „Изворедна исландската одбрана„

Stojance-Stoilov-1 copy

Нашиот одличен кружен напаѓач Стојанче Стоилов постигна четири гола во првото полувреме и беше перманентна опасност за нашиот гол. Ракометарот на Вардар Про по мечот излезе пред јавноста со реална констатација дека нашиот план Б не успеа.

Повеќе...

ВИДЕО: Мојсоски: „Офанзивно мораме да се поправиме„

naume za 15

Стружанецот Наумче Мојсоски беше замокритичен по завршувањето на мечот и јасно ја пронајде нашата слаба страна во мечот. Не беше лесно да се погоди дека организацијата на нападот и играта против 6-0 формација беше нашата најголема болка.

Повеќе...

ВИДЕО: Лазаров: “Затаивме во нападот, но утре е нов ден„

kire 15 01

Капитенот на нашата репрезентација во овој меч влезе со 17 гола и 9 асистенции, но очигледно исланѓаните целата тактика во одбраната ја подредија на сопирање на нашиот најдобар ракометар.

Повеќе...

ВИДЕО: Даниел е симболот на „Фалангата„ во странство

kocani

Сигурно веќе го забележавте на сите ТВ преноси во последните неколку години кога игра македонската ракометна репрезентација. Неговото име е Даниел, доаѓа од Швајцарија заедно со друштво од девет члена и како и на последните големи манифестации и во Севиља со препознатливиот лик обоен во црвено-жолто ја бодри Македонија.

Повеќе...

Исланд помалку грешеше, прв пораз за Македонија

mkd island copy

23 Светско првенство - Шпанија 2013

Б група (Севиља)

Македонија - Исланд 19:23 (10:10)

На трибините во „Павиљон Сан Пабло„ израмнет натпревар на македонските и исландските навивачи. Фаворитската улога им ја препуштивме на нашите стари должници од повеќе од една деценија ривалство на ракометните терени.

Повеќе...