hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Шпанија по втор пат светски првак во ракомет

spanija svetski prvak

Шпанија - Данска 35:19 (18:10)

Репрезентацијата на Шпанија е нов светски шампион во ракомет за мажи, откако попладнево фуриозно ја згази селекцијата на Данска со 35:19 во финалето во „Палау Сант Жорди„ Барселона. Оваа победа со + е најубедлива во историјата на светските ракометни првенства.

 По 2005 година, Шпанија е повторно на врвот. Второто мундијалско злато Шпанците и второ злато воопшто на големите турнири, „црвената фурија" го обезбеди со фантастичната игра во последните десет минути од првото полувреме, како и воведните десет минути од вториот дел, кога со серија од 8:1 и 15:3 стигна до двоцифрена предност, недостижна за тимот на Вилбек. Во 2005 година, Шпанија беше светски првак со Хуан Карлос Пастор со победата со 40:34 против Хрватска во Тунис. Најдобар стрелец во финалето беше Жоан Канељес со седум гола, Валеро Ривера даде шест, а Хорхе Македа и Хулен Агинагалде застанаа на пет. Голманот Арпад Штербик имаше 14 одбрани, некои спектакуларни. Кај Данска Хенрик Молгард и Каспер Сондегерд постигнаа најмногу голови, по четири, а како и цел турнир Микел Хансен и во финалето потфрли. На полувремето IHF им ги врачи наградите на најдобрите за 2012 година, Алесандра Насименто (Бразил) кај девојките и Даниел Нарцис (Франција) кај момчињата .

Share