hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

ВИДЕО: Андреј Голиќ: „Се игра премногу, секоја година голем настан е пренапорно„

andrej golic

Некогаш одлично крило на француската ракометна репрезентација, а сега еден од највлијателните ракометни менаџери и добар познавач на ракометните прилики во Европа. Станува збор за Андреј Голиќ, кој е менаџер и на нашиот Кирил Лазаров. Тој со задоволство ја прифати нашата покана за разговор и ја отвори душата на сите теми: „Се игра навистина премногу. Врвните ракометари играат преку 70 натпревари во годината. Оваа година имаше и олимписки игри и напорот беше уште поголем. Навистина треба да се размисли да се смени тенденцијата да се игра секоја година, бидејќи навистина е пренапорно за ракометарите. Што се однесува за Кирил, одлично му е во Мадрид. Екипата се реновира целосно и полека ги спроведуваат механизмите на теренот. Убеден сум дека оваа пролет ќе играат подобро од есенскиот дел„ заклучи Голиќ. На прашањето за иднината на Кирил Лазаров, неговиот менаџер вели: „Кире има уште една и пол година договор со Атлетико Мадрид. Не можам со сигурност да ви кажам што потоа. Знаете дека ракометот во Шпанија е во криза. Покрај Атлетико Мадрид и посебно Барселона, останатите клубови немаат голема финансиска моќ„ ни рече каризматичнит француски менаџер. Тој во живо ја следи втората фаза на светското првенство и е во постојана комуникација со нашиот Лазаров, кој од понеделник треба да се јави во тренинг кампот на Атлетико Мадрид.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share