Ракометарот на Фуше Берлин, хрватот Иван Нинчевиќ одигра одлично второ полувреме и заедно со Иван Чупиќ и Домагој Дувњак го трасираше патот до третата бронза по ред на хрватскиот ракомет.
„Повеќе не сме каубои, сега сме бронзени. Не ни беше драго по поразот од Данска, но успеавме да се соземеме и да одиграме посебно во второто полувреме, како што знаеме. Не знам која е причината што играме одличен турнир, но губиме во полуфиналињата. Ако вие ја знаете тајната, можете да ни ја откриете. И ова трето место и бронза претставува успех за нас„ ни рече Нинчевиќ. Со оглед на фактот дека играа без повредените Бунтиќ, Лацковиќ, Штрлек и неповаканиот Ивано Балиќ, оваа бронза сигурно треба да ги задоволи хрватските навивачи.