ВИДЕО: Штербик: „Моравме да ја собереме одбраната, инаку Словенија можеше до финале„
Во текот на целиот турнир голманот на Барселона и на шпанската репрезентација Арпад Штербик ја подигаше својата форма, за во полуфиналниот меч да го заслужи признанието за играч на натпреварот. Посебно во второто полувреме кога прими само два гола во половина полувреме, бившиот соиграч и пријател на Кирил Лазаров во Атлетико Мадрид беше одлучувачки фактор. И тој ја знае причината, која ги донесе до финалето „Моравме да ја го смениме пристапот во одбраната. Во средината и крајот на првиот дел дозволивме противникот да ја наметне играта со брзи напади и практично без одбрани. Тоа не ни лежи. Кога ја „собравме„ одбраната и заигравме многу поангажирано и густо, Словенија ништо не направи. Сепак морам да потенцирам дека се работи за репрезентација која игра најубав ракомет тука во Шпанија. Навистина ме воодушевија. Имаат неколку искусни ракометари и серија на млади момци, кои не респектираат никого и играат одлично. Комплименти за нивниот стручен штаб„ рече на крајот Штербик кој во својата кариера секогаш имал подобра клубска од репрезентативна кариера, но утре и тоа може да го поправи во големото финале на 23 мундијал.