hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Михајловски заминува, во мај добиваме нов претседател

mihajlo111111

Многубројните најави, ќе добијат официјализација во месец мај. Михајло Михајловски нема да се кандидира за претседател на РФМ и во краткото интервју за „Македонски спорт„ тој објасни дека не само што заминува, туку тоа и го најавил претходно и ќе помогне да најде достојна замена за испразнетото место.

„Сè што беше побарано од нас беше исполнето и поради тоа не гледам причина за оставка во моментов од морални причини. Но јас уште пред еден месец на директорот на Агенцијата за млади и спорт му кажав дека немам намера повторно да се кандидирам за претседател на РФМ. Подготвен сум да помогнам во потрагата по човек што ќе ме замени. Тоа треба да биде способна личност, која го сака спортот и која ќе биде кадарна да обезбеди доволно финансии за нормална работа на РФМ", изјави Михајловски за денешен „Македонски спорт".

 

Share