hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Хрватските ракометари: „Не знаеме зошто полуфиналето е проклето за нас„

gobac-vori-cizmic

И на овој турнир како на европското првенство, така и на олимписките игри и сега на светското првенство, полуфиналето е непреминлива станица за репрезентацијата на Хрватска. И во сите три случаи губеа од различни репрезентации.Ако во Србија налетаа на домаќинот, во Лондон загубија од за нив традиоционално незгодните французи, сега кобни за „коцкестите„ беа данците „Не знам да објаснам зошто ова ни се случува. Играме перфектен турнир и пак заглавуваме само во полуфиналето. Едноставно немам одговор„ велеше Драго Вуковиќ кој се повреди во раната фаза и не можеше да им помогне на соиграчите, како и во четвртфиналето кога беше рано исклучен „Вчера патувавме четири часа од Сарагоса, па имав температура цел ноќ тука во Барселона. Не е алиби, но мислам дека не бевме свои, не одигравме како што знаеме и Данска заслужено не победи„ ни рече првото име на хрватската репрезентација на ова првенство Домагој Дувњак. Одличниот пивотмен Муса се осврна на играта во одбрана на противникот „Данска изворедно играше во одбрана. Знаевме дека ќе играат 6-0 одбранбена формација, но беа одлични, ги спречија нашите шутери и се радуваат со право„ рече кружниот напаѓач. Голужа на прес-конеференцијата им се извини на сите хрватски навивачи со фразата „Вака не се играат полуфиналиња„ а Зоран Гобац како главна причина за малото, а не големото финале ги наведе бројните повреди.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share