hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Баруфет: „Најдобар голман е Штербик„

barufet 1

Легендарниот голман на Барса и на шпанската репрезентација Давид Баруфет, видливо со некој килограм повеќе сега како обсерватор ги следи секојдневно натпреварите на ова светско првенство. И тој ни укажа на фактот дека се игра премногу, па не чуди што во 12 месеци за едно европско, светско првенство и олимписки игри тешко може една репрезентација да ја задржи истата форма. А за неговата специјалност, голманите ни рече: „Според мене од сите најдобар голман е Арпад Штербик. Можеби затоа што брани за Шпанија, но не се шегувам, Арпад е извонреден. Сите селекции кои стигнаа до полуфинале имаат одлични голмани. И Никлас Ландин покажа дека е светска класа. Без добар голман, не може да се стигне до ова скалило на едно светско првенство„ заклучи Баруфет. Со него на голот пред осум години, Шпанија стана светски првак и утре шпанците веруваат дека можат да ја освојат втората титула. Многу работи ќе зависат од Арпад Штербик и неговата замена, голманот на ПСЖ Сиера.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share