hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Омбрадос: „Киро и Борко се душата на вашата репрезентација„

omrados

Една од најпријатните и најобожавани личности во шпанскиот ракомет е капитенот на Атлетико Мадрид Хозе Хавиер Омбрадос. Иако повреден веќе неколку месеци човекот кој ова првенство требаше да го дочека како капитен на црвената фурија не пропушта можност да ја следи својата репрезентација. „Ова првенство донесе многу млади репрезентации во полуфиналето. Се игра убаво, допадливо. Вашиот селектор Шундовски донесе нешто ново во македонската репрезентација. Играте полетно. Важно е што имате континуитет. Киро и Борко се душата на вашата репрезентација. Со Лазаров доста се дружиме. Често пиеме заедно кафе. Надвор од теренот тој е баш и како во теренот. Мирен, принципиелен и вие го знаете подобро од мене. Одлична личност. Мечевите на Македонија со Шпанија во април ќе бидат клучни за вашата репрезентација„ ни рече Омбрадос. Тој потенцираше дека коленото кое го опоравува веќе е одлично, но уште не знае дали ќе игра и наредната сезона. Имено, тој поднесе кандидатура за претседател на ракометната федерација на Шпанија и постојат големи шанси да биде избран.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share