hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ФОТО ВЕСТ: Иниеста и Бускетс „стегаа палци„ за Шпанија

iniesta

Мечот на шпанската репрезентација со Словенија беше најголема посета на ова светско првенство. Конечно „Палау Сант Жорди беше исполнета, а меѓу гледачите можеа да се забележат многу познати лица.

Сепак не постојат ни приближно толку големи звезди во Каталонија од фудбалерите на Барселона. Така ни неполни 24 часа од победата во Малага во четвртфиналето на Купот, најдобриот играч на таа средба Андрес Иниеста и неговиот соиграч Серхио Бускетс се појавија во ВИП ложата да ја бодрат Шпанија. Толку беа популарни што во поголемиот дел од мечот љубопитните гледачи, посебно најмладите, бараа автограм повеќе од фудбалските звезди. Ако во 2010 година во Јужна Африка, фудбалската репрезентација на Шпанија стана светски првак, сега на пат е нивниот успех да го повтори ракометаната репрезентација. Последната пречка е утре од 17:15, а потоа сите на „Ноу Камп„ на мечот на првиот и последниот во шпанската „Ла лига„ Барселона - Осасуна

Share