Шпанија на чекор до ракометните „звезди„
Тимот на Валерио Ривера е на чекор до „звездите„ и до втората светска титула. Ако во 2005 година под водство на Хуан Карлос Пастор во Тунис ја совладаа Хрватска во мечот за златото, сега имаат нова шанса да се искачат на врвот. Шпанија е првиот финалист на Светското ракометно првенство кое го организира на домашен терен, откако во полуфиналето славеше со 26:22 (13:12) против Словенија.
Шпанците ја оправдаа фаворитската улога и ја прекинаа серијата од седум победи на Словенија. Младиот тим на Дениќ ќе мора да се бори за бронзата што за нив е извонредно постигање „Црвената фурија" во текот на сите 60 минути водеше, а клучната предност ја создадоа на почетокот од вториот дел, кога имаа предност и од шест гола разлика, благодарение на одличната одбрана и извонредниот Штербик. Хуан Канељас беше најефикасен со пет гола во победничкиот состав, додека на спротивната страна ниту 12 одбрани на Горазд Шкоф не им помогнаа на словенците да го избегнат поразот. Најефикасен во нивниот табор беше Гаспер Маргуч со седум постигнати гола.