ФОТО: Вилбек и Хергеирсон - тренери на годината
На денешната прес-конференција на четирите селектори на полуфиналистите на светското првенство во Шпанија, IHF преку првиот човек д-р Хасан Мустафа ги додели наградите на најдобрите тренери за 2012 година и во машка и во женска конкуренција во светот на ракометот.
Селекторот на европскиот првак во машка конкуренција Улрик Вилбек од Данска е заслужено тренер на годината. Човекот кој со данската женска и машка репрезентација направи чуда во последната деценија, секојдневно покажува дека е ракометен геније.
Во женска конкуренција можеби помалку неочекувано, наградата му припадна на исланѓанецот кој ја води женската норвешка репрезентација Торир Хеиргерсон. Веројатно повеќе внимание требаше да му се посвети на црногорскиот селектор и тренер на европскиот клубски првак Будучност, Драган Аџиќ.