hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Мустафа: „Македонците имаат големо ракометно срце„

katar

Вчера во хотелот „Хуан Карлос први„ во Барселона се одржа официјална прес-конференција на која беше потпишан договорот за организација на Светското првенство во Катар во 2015 година. „Многу ја сакам Македонија. Вие имате големо ракометно срце, ја сакате оваа игра. Ве следам во последните неколку години многу напредувате. Минатата година бевте одлични, а навивачите ви се извонредни„ ни рече првиот човек на IHF Хасан Мустафа. Тој потврди дека наредниот мундијал ќе биде перфектно организиран „По четири светски првенства во Европа, време е за нов предизвик и за првенство надвор од стариот континент. Тоа ќе биде прво првенство кое ќе се одржи во лето. Првенство со 20,21 степен и можност да се поврзи натпреварувањето со добар одмор. Затоа сега се обидуваме да направиме добри аранжмани за навивачите да допатуваат во Катар„ ни рече еѓипќанецот кој долги години е прв човек на светскиот ракомет. Ахмед Ал Шааби, кој е првиот човек на организациониот комитет ни објасни дека Катар е подготвен за наредниот голем предизвик „Имаме подршка од сите структури на Катар, од владата, од спортските организации. Убедени сме дека ќе организираме најуспешно светско првенство во историјата„ рече првиот оперативец. Импресивна беше промоцијата на Катар како кандидат за светско првенство во Шведска 2011, а камо ли вчера во Барселона, каде преку 50 новинари ја поздравија најгламурозната презентација на еден ракометен мундијал.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share