hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Сондергард: „Ландин се инспирира на вакви натпревари„

sondergard

На ова големо натпреварување селекторот на Данска, Улрик Вилбек поведе само еден леворак десен бек и Сондергард игра во стилот топло-ладно, но не троши многу топки, напротив, неговите удари најчесто се одмерени во мрежата.

Но и тој добро знае дека против Унгарија за издвојување е само првото полувреме, а јунак за направената разлика е голманот на Рајн Некер Ловен, Никлас Ландин. „На олимписките игри не бевме оние вистинските, но сега докажавме каде ни е местото. Ландин се инспирира на вакви натпревари. Во првото полувреме беше извонреден како и скоро секогаш. Не ми е многу грижа со кого играме во полуфиналето, важно ние да сме таму. Имаме 16 ракометари со кои играме на секој натпревар и тоа многу ни помага„ заврши еден од најискусните во црвено-белата машина од Скандинавија. Претпоследната пречка до светската круна на селекцијата која во последните децении има две европски злата, е Хрватска со која данците под Вилбек имаат позитивен скор, но и болен двоцифрен пораз во Лондон пред половина година.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share