Со професорска игра ракометарот на Киелце од Полска, Урош Зорман и против Русија демонстрираше извонредна игра и успеа да ја доведе Словенија до првото мундијалско полуфинале.
„По европското првенство во Србија, самите си рековме дека можеме да направиме чекор понапред и да играме полуфинале. Со седум победи по ред можам да кажам и дека имавме многу среќа и ја израдувавме нацијата. Среќен сум и благодарен на навивачите за подршката и можам да ветам дека и во полуфиналето ќе го дадеме максимумот во натпреварот со фаворитот Шпанија„ ни рече најуморниот, но и најбараниот словенечки ракометар по четвртфиналето со Русија.