Еден од најпозитивните во мечот со Русија, беше плавокосиот Мика Жвижеј кој по мечот не го криеше огромното задоволство за пласманот во полуфиналето.
„Играме многу колективно, гинеме еден за друг и мислам дека го заслуживме пласманот во полуфиналето. Сега влегуваме во мечот со Шпанија без никаков притисок и така можеме дополнително да изненадиме. Не веруваа сите во нашиот добар резултат на ова првенство, но ги разуверивме сите дека овој состав има иднина„ ни рече Жвижеј. Словенците во еуфорија се радуваа долго по завршувањето на вчерашниот меч со Русија и сега во полуфиналето со Шпанија ќе ја имаат против себе и шпанската публика, кој се очекува утре да ја исполни најмногу оваа недела „Палау Сант Жорди„ арената во Барселона.