hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Словенија - Шпанија прво полуфинале

aginaglde

Словенија и Шпанија се првите полуфиналисти на Светското првенство во ракомет. Селекцијата на Шпанија ја совлада Германија со 28:24 во меч со многу емоции и обезбеди место во полуфиналето на мундијалот.

 Германците, кои ја елиминираа нашата репрезентација, овојпат беа немоќни против „црвената фурија" Сепак во првиот дел „панцирите„ имаа предност од 14:12. Сепак, во продолжението „фуријата„ бодрена од домашната публиката успеа да направи пресврт и да стигне до полуфиналето. Агинагалде и Томас со по седум голови беа најефикасни во победничкиот состав, а Кристоферсен кај Германците постигна шест погодоци. Словенија претходно славеше во дуелот со Русија со 28:27 (14:13) и ја продолжи својата серија на победи на овој мундијал. Зорман диригираше и постигна пет гола како и Лука Звижеј, а Шелменко и Дибиров постигнаа по шест гола кај поразените руси.

Share