ВИДЕО: Шкоф и Прост: „Ние играме со 16 играчи, не како некои со 10„
Вистински голмански пар кој се надополнува со карактеристиките и квалитетот е токму словенечкиот: Горазд Шкоф и Примож Прост. Првиот супер искусен, вториот млад и полетен. И на овој меч од четвртфиналето започна првиот, а заврши вториот. Кога Шкоф во само 14 минути имаше само една одбрана, во игра влезе Прост и токму тој беше предводник на пресвртот.
„Таа прва интерверција ми даде крила, самодоверба. Мислам дека како често до сега на турнирот, лошо започнавме, но успеавме да ја поправиме нашата игра, да наметнеме стил кој не им одговара и да ги надигра русите. На крајот пак кога дојдовме до комплицирана ситуација, успеавме да се извлечеме„ ни рече Прост по мечот. Шкоф пак издвои една друга карактеристика на овој словенечки тим. „Ако некои репрезентации играат со 10 играчи, нашиот селектор користи 16 играчи и тоа на секој натпревар, без разлика на името на противникот и важноста на мечот. Тоа е зачетокот на нашиот успех" заклучи искусниот Шкоф. Со седум од седум нема дилеми дека Словенија, како што Анкетил говореше пред некој ден е главната сензација на овој турнир.